Почина амбасадорот на РСМ во Германија, Рамадан Назифи

Почина актуелниот амбасадор на Република Северна Македонија во Германија Рамадан Назифи.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изрази сочувство до семејството на Назифи, посочувајќи дека тој бил извонреден човек и дипломат.

-Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат. Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството. Упатувам сочувство до семејството, пријателите и вработените во Министерството.
Нека почива во мир!, напиша на Фејсбук министерот Османи.

Total
5
Shares
Поврзани објави