На 81-годишна возраст почина познатиот американскиот рок кантавтор Дејвид Крозби.
Информацијата за неговата смрт, во изјава за американски медиум ја потврдила неговата сопруга.
„По долго боледување почина нашиот сакан Дејвид Крозби. Иако тој повеќе не е со нас, неговата хуманост ќе продолжи да не водат и инспирира. Неговото наследство ќе продолжи да живее преку неговата легендарна музика“,изјавила сопругата на Крозби за американски медиум.
Крозби е роден во Калифорнија на 14 август 1941 година, како син на оскаровецот и холивудски кинематографер Флојд Крозби.
Рок-пејачот, гитарист и текстописец беше еден од основачите на два од најголемите бенда од 1960-ите години „Брдс и Крозби“ и „Стилс и Неш“. . Кариерата ја започна 1964 година, како член на „Брдс“, позната по преработката на хитот на Боб Дилан – „Tambourine Man“.
Тој постигна редок подвиг во кариерата – двапати беше примен во Куќата на славните на рокенролот.