Почина данскиот карикатурист чиј цртеж на пророкот Мухамед ги разбесни муслиманите низ цел свет

Курт Вестергард, данскиот карикатурист чиј цртеж на пророкот Мухамед ги разбесни муслиманите низ цел свет, почина по долго боледување на 86 години. Тој работеше за конзервативниот весник „Јиландс-Постен“ од почетокот на 1980-ите.

Контроверзниот цртеж на пророкот Мухамед, на кој тој место турбан имаше бомба, беше објавен во весникот во 2005 година како дел од 12 карикатури кои имаа за цел да укажат на самоцензура и да бидат критика на исламот. Прикажувањето на ликот на Мухамед се смета за табу во исламот и за многумина муслимани е навредливо.

Карикатурата доведе до протести во Копенхаген, а потоа гневот се прошири низ муслиманскиот свет, кога беа нападнати амбасадите на Данска и десетици луѓе загинаа во нередите. Една од последиците на цртежот беше и крвавиот напад на редакцијата на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ во 2015, кога беа убиени 12-мина луѓе.

По објавувањето на карикатурата, Вестергард примил бројни смртни закани и бил цел на неколку обиди за атентат. Во последните години тој живеел со телохранител на тајни локации.

Total
91
Shares

USJE
Поврзани објави