На 88 годишна возраст почина писателката Оливера Николова. Твореше на деца и за возрасни, а ќе остане запаметена по внесувањето на првиот градски лик – Зоки Поки, во македонската литература.
Работниот век во помина во јавниот сервис – МРТВ како уредничка и драматург. Па, од таму и нејзиното авторство на повеќе куклени и играни серии за деца. Таа е автор на 30- тина книги за деца и возрасни, меѓу кои има раскази, романи, сликовници и пиеси. За својата самопрегорна работа, Никола освои повеќе награди и признанија, меѓу кои се „ Рациново признание“ ; „ Стале Попов “ , двапати ја освои наградата „ Роман на годината“, а беше одликувани и со орден за заслуги, од поранешниот претседател , Стево Пендаровски.
Смртта на Оливера Николова ја потврдија од Друштвото на писатели на Македонија, од каде дополнително ќе го соопштат датумот и терминот на нејзиниот погреб.