Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во скафандер ќе и гласа недоверба на Владата

Пратеничката Ангелинка Петкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во моментов се наоѓа во изолација, бидејќи е позитивна на Ковид 19, потврдуваат од ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“.

Изолацијата ќе и трае и во четврток, за кога е закажано гласањето недоверба на Владата во Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека „со задоволство“ ќе пристапат кон гласање во скафандер, со оглед на тоа што Комисијата за заразни болести објави протокол за присуство во Собрание на пратеници болни од Ковид – 19. Но, и со оглед на досегашната пракса.

Имено, Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ беа пратениците кои во април со скафандери дојдоа во Собранието за да го гласаат петтиот пакет економски мерки за справување со пандемијата.

Ова тогаш наиде на лавина реакции од јавноста, но и од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои жестоко реагираа. Потоа Комисијата за заразни болести објави дека има протокол под кои пратеници позитивни на Ковид може да гласаат во Собранието.

Total
6
Shares

USJE
Поврзани објави