Пратеничка открива : насилство врз деветмесечно бебе во градинка!

Пратеничката Ангелина Петкова обвини дека во гевгелиската градинка се случило, како што рече, брутално насилство врз десетмесечно бебе, а директорката на градинката Елизабета Стефановска го сокрила инцидентот. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ бара министерката Јована Тренчовска да ја разреши директорката и да има одговорност за виновниците, откази и кривични пријави.

– Во вторникот во детската градинка „Цветови” во Гевгелија се случи брутален инцидент, десетмесечно бебе заврши во општата болница во Гевгелија со констатирани тешки телесни повреди и хематом на главата. Директорката на градинката Елизабета Стефановска, која е поставена од Јована Тренчовска, се обиде да го прикрие скандалот, наместо да преземе дејствија за санкционирање и да го пријави случајот во полициската станица во Гевгелија. Случајот во полиција го пријавил родителот на бебето ден потоа – вели пратеничката.

Петкова вели дека ова не е прв инцидент во детската градинка „Цветови”. За да не биде сменета директорката Елизабета Стефановска, тврди пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, министерката Јована Тренчовска му ги одзела на градоначалникот Андон Сарамандов ингеренциите врз детските градинки на територија на општина Гевгелија.

– Ова не е прв инцидент откако оваа директорка менаџира со градинките во Гевгелија. Сличен инцидент имаше пред две години, а минатата година, кога снема огромни количини нафта во градинката, институциите повторно затаија со реакција. Повредите со кои се стекнало десетмесечното бебе се големи. И реакција и одговорност мора да има. Ова е втор инцидент на дете со големи повреди во мандат на истата директорка. Уште што треба да се случи за истата да биде сменета? Одговорност за инцидентот мора да има. И треба да бидат санкционирани со отказ и да се поднесат соодветни пријави. Ја повикуваме министерката да ја разреши директорката и да поднесе соодветни пријави поради прикривање и не преземање дејствија. Во исто време, наместо да продолжи со самоволието, министерката Тренчовска му да ги врати ингеренциите на градоначалникот Андон Сарамандов и да не се меша во работењето на градинките – рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелина Петкова.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Франција предлага барањата на Бугарија да се вклучат во преговарачката рамка на Македонија за влез во ЕУ ? – Мицковски бара средба на државниот врв

Додека се чека официјално да биде објавен предлогот на Франција за тргање на бугарското вето, медиумите во Бугарија…