Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка

Укинат му е ефективниот притвор на Стефан Димковски, осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димовски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.

Ова е прв укинат притвор за овој предмет. Во притвор, остануваат осомничените за реализација на убиството и таткото Александар Ѓорчевски, осомничен за помагање со тоа што дал информации за тоа кога Вања ќе ја напушти зградата.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Објавена пресудата на Управниот суд: Судскиот совет незаконски и без образложение ја разрешил Весна Дамева од претседателската функција

Судскиот совет незаконски и без образложение ја разрешил Весна Дамева од претседателската функција, пресуди Управниот суд по тужбата…