Премиерите на Македонија и Албанија разочарани од ЕУ, Заев вели дека не се откажува ќе бара решение

Oткако Бугарија повторно не дозволи старт на преговори со земјава, со тоа блокирајќи ги преговорите и на Тирана,  премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, од Економскиот форум во Скопје рекоа дека се разочарани што една ЕУ не успеа да спречи една земја да блокира.

Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија.Прогресот треба да зависи од реформите и спроведување на европските стандари, рече денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со Еди Рама.

– Токму затоа сметаме дека во рамката не смеат да се внесуваат билатерални прашања. Тоа ќе биде страшен преседан.Македонскиот национален идентитет е невозможно да биде предмет на преговори. Северна Македонија стана членка на НАТО и сме НАТО партнери со Албанија и со Бугарија. Но, за Албанија и Северна Македонија Европа останува единствена стратешна цел. За нас европските вредности се светост, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги одбрани. ЕУ нема ексклузивитет врз Европа. ЕУ мора да изнајде формула како да го одржи зборот. Се уште му даваме шанса на процесот и остануваме посветени на стратешката цел: членство во ЕУ.  Тие што ме знаат, знаат дека не се откажувам.Ќе одам во Софија повторно и повторно и повторно …и ќе барам решение, рече Заев.

Премиерот на Албанија пак по вчерашното „не“, со констатациија дека ЕУ уште еднаш не го одржала своето ветување. Рама е на став дека проблемот не е во двете земји, а кога Европската унија ќе биде подготвне за нив нека каже. Тој испрати и порака во свој препознатлив стил. Драго ми е што тоа не е на маса и нема да дозволиме никогаш да биде на маса“, рече Заев.

„Што може повеќе да направиме. ние ја сакаме ЕУ, ги сакаме сите нив. тие велат дека не сакаат, но не се подготвени за брак. добро. Ќе уживамe во нашата слобода до бракот“, рече Рама.

Total
1
Shares
Поврзани објави