Пристигнуваат првите шестмина бегалци од Авганистан

Шест лица вработени во канцеларијата на Обединетите Нации во Кабул ќе бидат првите загрозени цивили од Авганистан кои ќе најдат прибежиште во Македонија. Не се знае кога ќе стигнат, а за нивниот статус ќе одлучува меѓународното право, вели министерот Бујар Османи.

Како што најави, земјава во наредниот период ќе биде отворена за цивилите од Авганистан кои работат пред се во поголемите меѓународни организации.

– Не можам да калкулирам со бројки. Обединетите Нации побараа шест лица претежно жени и деца на вработени во канцелирајата на ОН во Кабул да бидат прифатени и тие ќе бидат прифатени – рече Заев.

Лицата ќе бидат привремено во државава се додека не се реши нивната крајна дестинација, вели Османи, а проценките за тоа колку лица ќе пристигнат ќе се прават во соработка со НАТО и САД.

Ќе бидат сместени во мотели, одморалишта и хотели, за што трошоците ќе бидат обезбедени од меѓународните организации, како и од Соединетите Американски Држави.

Total
3
Shares

USJE
Поврзани објави