Притвор за командирот и двајца полицајци, молк дали ќе има разрешување на директорот на „Идризово“

На командирот од „Идризово“ Срѓан Димитриевски, во чија смена беше спроводот на затвореникот кој избега, му е одреден притвор во времетраење од осум дена и тој е однесен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Освен него, притвор им е одреден и на двајца од четворицата полицајци. Утринава тие се спроведени во затворот. Кривичниот суд смета дека командирот и полицајците можат да избегаат, а бидејќи постојат индиции кои укажуваат дека му помогнале на затвореникот Беким Мемети да избега, со оглед дека има низа пропусти во процедурата за негов спровод.

Командирот и полицајците беа задржани во полициска станица цел ден, по што, даваа исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција каде има полициско одделение за гонење на лица со полициски овластувања. Обвинителката Лиле Стефанова, доставила предлог за одредување на притвор, кој и бил прифатен. Познато е дека еден од полицајците и натаму е на лекување, а тоа е возачот кон кого затвореникот пукал пред да избега.

Kомандирот кој сега е во притвор е лице осудено за примање мито како полициски службеник од МВР. Од таму добил отказ, па стана командир во затворот. Тој беше дежурен командир и за време на новогодишната вечер, кога млад затвореник беше брутално претепан.

Total
5
Shares
Поврзани објави