Притвор за момчето и девојката кои до смрт го претепаа ракометарот Тот

Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје, донесе решение да го прифати предлогот на обвинителството и на двете приведени лица, осомничени за убиство на хрватскиот ракометар, Денис Тот, им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата.

Tри лица се осомничени за убиство на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот, меѓу кои и 19-годишна девојка.

Осомничени за убиството се 28-годишниот А. Ѓ. кој е и првоосомничен за убиството, како и 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л, кои го претепале хрватскиот ракометар, Тот, кој подоцна им подлегна на повредите.

На обезбедените снимки се гледа дека околу 3 часот и 30 минути пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, дошло до расправија помеѓу Тот и тројцата осомничени, при што тие го нападнале и му нанеле повеќе удари со боксови и клоци.

Од ударите тој паднал наназад и со задниот дел од главата удрил на асфалтот, по што изгубил свест. И покрај тоа, осомничените продолжиле да го удираат по главата, а потоа, без да му укажат помош, си заминале. Тот бил со нагмечувања и скинат јазик. Лекарите првично соопштија дека нема траги на насилство и е смрт настаната од срцев удар , а обдукцијата и полицијата да откријат дека сепак се работи за убиство.

Двајца од нив, дечко и девојка, се приведени, но првоосомничениот е во бегство и по него е распишана потерница.

Total
1
Shares
Поврзани објави