Пуштена во употреба новата компресорска станица на хируршките клиники во Скопје

По инсталацијата кон крајот на минатиот месец, новата компресорска станица за хируршките клиники на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје од денеска и официјално е пуштена во употреба.

Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека изминатите десетина дена станицата е тестирана по сите стандарди и оти функционира во најдобар ред.

„Има три нови компресори, комплетно нова инсталација. За среќа тука е и стариот компресор што ќе стои како резерва, за евентуално да не ни се повтори ваков проблем. Со новата компресорска станица се покриени сите 18 хируршки сали на хирургија, салите на оториноларингологија, офталмологија и максилофацијална хирургија“,изјави Таравари на денешното пуштање во употреба на

Доколку има потреба, на станицата може да се приклучат и другите клиники со поврзување на инсталацијата.Централниот систем за кислород и компримиран воздух во хируршките сали во Клиничкиот центар беше надвор од функција од 18 мај минатата година поради непријатниот мирис што се ширел од него. Оттогаш хируршките клиники во Клиничкиот центар почнаа со користење на надворешни компресори во операционите сали.

Total
0
Shares
Related Posts