Рашковски во судница , но судење нема да има

Денеска требаше да започне судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, во време на СДСМ, Драги Рашковски. Предметот е во Апелација на одлучување по жалба поради што процесот се одлага. Одбраната се жали за замрзнатиот имот и бара одвојување на докази.

На него му се суди за злоупотреби при набавка на софтвер и за перење пари. Во случајот се обвинети уште шест лица. Рашковски беше генерален секретар во Владата на Зоран Заев од јуни 2017 до ноември 2020, а потоа до април 2021 извршуваше друга функција во Владата.

За случајот за којшто му судат, Рашковски е првообвинет за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци преку фирмата „Инвока груп“ којшто софтвер Министерството за внатрешни работи со месеци не го користело, како и за оштетување на буџетот за 100 илјади евра со незаконито спроведување на јавна набавка. Патентот за софтверот е на Рашковски. Во случајот осомничен е и Даниел Станчески од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“, од кое Генералниот секретаријат на Владата го купил софтверот за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни.

Рашковски беше во притвор два месеци но со гаранција од половин амилион евра излезе.

К.М. – Фото : Dosie.mk

Total
2
Shares
Поврзани објави