Румен Радев со убедлива победа на изборите во Бугарија

Втор мандат за Румен Радев. Актуелниот претседател на Бугарија победи на вчерашните избори за претседател и ќе ја предводи државата во наредните пет години. 58-годишниот Радев во вториот круг убедливо го победи противкандидатот Анастас Герџиков.

На изборите кои ги одбележа рекордно ниска излезност од околу 40 проценти, Радев освои 66 отсто од гласовите, додека Герџиков – ректорот на софискиот универзитет доби доверба од 32 проценти.

Герџиков беше поддржан партијата на Борисов – ГЕРБ, додека Радев покрај бугарската Социјалистичка партија го поддржаа и победниците на парламентарните избори – “Продолжуваме со промената”, како и партијата “Има таков народ”.

Во својата прва изјава по победата, Радев се заблагодари на гласачите, но не заборави да упати порака и до политичарите кои треба да ја формираат владата во Бугарија, а во однос на македонско-бугарските односи.

Застанете во одбрана на бугарскиот идентитет и историја, порача Радев.

Меѓу првите кои упатија честитки до старо – новиот претседател на Бугарија беше и македонскиот премиер Зоран Заев со порака дека двете земји треба да продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина.

Вториот мандат на Румен Радев ќе започне на 22 јануари наредната година. 

Total
21
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Пописот ОДЛОЖЕН

По неколку часовни разговори за актуелните прашања во државата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со лидерот на…