Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши“

За малку е избегната трагедија вчера во Старата скопска чаршија, а само брзата реакција на противпожарната единица спречила огнот да го проголта хотелот „Буши“ и да се прошири врз околните објекти во Чаршијата.

Според Телма, во турканиците, вкупно седумдесетина луѓе се повредени – десетици вдишале чад, дел завршиле во болница, а со повреди се здобиле и тројца пожарникари.

Огнот, според информациите од противпожарната служба, избил на неколку места во хотелот, а зафатени биле рецепцијата и кујната.

Лекарите интервенирале кај 28 луѓе, на 19 им била пружена медицинска помош на самото место, а деветмина завршиле во болница. Шестмина се на Токсикологија, а другите тројца во градската болница „8 септември“, информираа за Телма од Брзата помош.

Total
13
Shares
Поврзани објави