Концертот на Калиопи е одложен, а новиот датум за негово одржување дополнително ќе биде соопштен. Сите карти купени сега, ќе важат и за тој концерт.
Ова соопштение е издадено од организаторот по синоќешниот немил настан кога наместо концерт на македонската дива Калиопи во салата „МТС“ во Белград, се случи трагедија во која една од жените во публиката почина откако и се слошило.
Починатата пристигнала на концертот заедно со другарките и ќерката, изгубила свест и колабирала, а потоа веднаш била повикана Брза помош. Откако пристигнала Брзата помош на жената која имала околу 70 години и била извршена реанимација, но безуспешно.
По трагичниот настан Калиопи се огласи на социјалните мрежи.
„Ова е најтажниот ден во мојата кариера…Денес наместо да го славиме животот на мојот концерт,загубивме еден живот…Во мое име и во име на целиот мој тим, изразуваме длабоко сочувство до семејството на починатата…Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас…Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт…Новиот датум ќе биде објавен наскоро“,напиша Калиопи.