Се пука во Косово

Пред повеќе од половина час одекна рафал од огнено оружје и најмалку една детонација во поширокото подрачје на Зубин Поток. Наводно, специјалците на Албин Курти се обиделе насилно да отстранат една од барикадите, пишуваат српските медиуми.

Според Новости, во 19 часот и 45 минути дошло до рафален оган и вооружени тепачки во Зубин Поток. Како што пренесуваат медиумите, генералот Мојсиловиќ веднаш по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ веднаш заминал во Рашка.

– Моментално сум на пат, патувам за Рашка, задачите дадени на Војската на Србија се прецизни и јасни и ќе бидат целосно спроведени и имплементирани како такви – изјави вечерва Мојсиловиќ за Пинк.

Тој додаде дека ситуацијата е таква што бара присуство на војската на Србија долж административната линија.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Силен земјотрес во Хрватска

Хрватските медиуми пишуваат дека околу 12.30 часот бил почуствуван земјотрес од 3,8 степени според Рихтеровата скала на 16…