Се сруши авион во Непал со 22 патници

Непалската армија соопшти дека го лоцирала местото на падот на авионот кој исчезна вчера, а во кој имало 22 лица.

– Тимовите за пребарување и спасување го лоцираа местото на несреќата – портпаролот на авионот Нарајан Силвал на Твитер, објавувајќи слика на која се гледа бројот на опашката на авионот.

Како што беше претходно објавено, во неделата во Непал исчезна авион на приватна компанија со 22 лица.

Малиот авион летал од туристичкиот град Похара, на околу 200 километри северозападно од главниот град Катманду, до Џомсам, на околу 80 километри северозападно.

Total
1
Shares
Поврзани објави