Се удави 8 годишно девојче

Малолетно лице синоќа е пронајдено удавено во базен во Дебарски бањи кај село Долно Косоврати. Ова го соопшти Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

„Синоќа околу 20 часот во одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека во Дебарските бањи кај селото Долно Косоврасти забележано е удавено лице. Од извршениот увид констатирано е дека се работи за малолетничка од Гостивар и дека по извршен медицински преглед не се констатирани траги на насилство“, изјави Димоски.

Total
25
Shares
Поврзани објави