Земјотрес со јачина од 5.7 степени според Рихтеровата скала го погоди попладнево западниот дел на Романија, кој се почувствувал во делови и на Србија и на Бугарија.
Епицентарот на потресот бил идентичен како и вчерашниот – 71 километар североисточно од градот Добрета – Турну Северин, на длабочина од 10 километри.
Вчера беа регистрирани три земјотреси во Романија и еден во Хрватска во период од еден час.
Разорни земјотреси во минатиот понеделник ги погодија Турција и Сирија во кои, според последните податоци, загинаа над 36.000 лица. Се стравува дека билансот на жртвите ќе биде поголем, со оглед дека сè уште траат спасувачките операции под урнатините.