Снимка од падот на боингот во Кина

На социјалните мрежи се појавија снимки кои го покажуваат авионот боинг 737 кој превезувал повеќе од 132 патници како паѓа на земја во кинеските планини.

Како што се гледа на снимката, авионот на компанијата Чајна истерн ерлајнс понирал пред да удри во рид и да се запали во близина на градот Вуџоу во округот Тенг во јужната провинција Гунагси.

На снимката се гледа млазниот авион како паѓа вертикално кон земјата пред моментите на ударот.

Авионот на компанијата Чајна истерн ерлајнс летот МУ5735 се урнал и предизвикал пожар во планината. Кинеската управа за цивилна авијација (ЦААЦ) потврди дека авионот се урнал наведувајќи дека имало 123 патници и членови на екипажот.

Според локалните медиуми, авионот полетал нешто по 13.00 часот по локално време (6.00 по средноевропско) од југозападниот град Кунминг. Летал кон јужниот град Кантон, оддалечен околу 1.300 километри. Леталото изгубило контакт над ридот Вуџу, во планинската област Гангси.

На лице место се испратени спасувачки екипи, како и тим функционери, наведе Управата за цивилна авијација.

Сателитските снимки на НАСА покажуваат голем пожар во областа каде што се урна авионот.

Total
12
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Гранатиран центарот на Харков

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Антон Герашченко утринава соопшти дека руските сили го гранатирале Плоштадот…