Со остар колец 14-годишник до смрт претепа Македонец во Сончев Брег

Четиринаесетгодишник е уапсен за убиството на македонски државјанин во Сончев Брег, објави бугарската полиција.

Регионалната канцеларија во Несебар вчера во 11:14 часот примила повик дека тело на маж со видливи повреди на главата е пронајдено во шумска област во Сончев Брег. Полицијата утврди дека жртвата е 49-годишен македонски државјанин кој влегол во Бугарија на 24 јануари.

По спроведените испрашувања и прегледувањето на снимките од безбедносните камери во областа, полицијата во рок од 24 часа привела 14-годишно момче од Несебар. Според обвинителството, тој го извршил убиството удирајќи ја жртвата со остар колец. Мотивот на убиството засега не е познат.

Total
0
Shares
Related Posts