Спасовски: Откако полицијата го обезбедува Идризово се намали бројот на бегства од затворот

Од моментот на траењето на кризната состојба односно од постапувањето на МВР во затворот „Идризово“, драстично се намали бројот на извршување на разбојништва на кражби на територијата и на општина Гази Баба, меѓутоа и на територијата на градот Скопје, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето дали има ефекти од кризната состојба односно од асистирање на полицијата за обезбедување на затворот.

Според министерот, резултатите укажуваат дека имало аномалии, коишто претходно ги утврдиле односно, нелегално излегување на лица од затворот.

„Се додека има потреба од постоењето на една ваква состојба е добро да биде заради тоа што се работи за безбедноста. Оваа институција мора да биде целосно под контрола за да бидеме сите ние безбедни како граѓани“, рече Спасовски.

Тој објасни дека се асистира според оперативен план направен со службата на Казнено-поправната установа „Идризово“ и со Армијата на РСМ во делот на обезбедувањето.

„Заради тоа што состојбата, намалувањето на кадарот на полициски службеници влијае на оваа ситуација. Можам да кажам дека ситуацијата е целосно под контрола. Сето она што е ставено под контрола на МВР – тоа се влезовите, контролата на се што влегува внатре е на високо ниво“, изјави Спасовски.

Total
0
Shares
Related Posts