Судот во Тетово донел одлука печатите од партијата Алијанса за Албанците да ги добие крилото на Зијадин Села. Ваквата информација ја потврдија крилото на Села, додека Арбен Таравари кој е дел од другото крило на Алијанса за Албанците Арбен Таравари најавува жалба.
„Судот одлучи дека нашето барање за регистрација на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците е прифатено. За оваа одлука се известени сите странки и сега официјално претседател на АА е Зијадин Села“, изјавија за МИА од крилото на Села.
Алијанса за Албанците како партија беше формирана во 2015 година, а произлезе од Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи. Зијадин Села тогаш иницираше движење за реформи во ДПА, а набргу потоа следуваше основањето на Алијанса за Албанците на чие чело застана тој.