Супер бабичката Добрила Чaбриќ (93) во болница во Охрид, повредена во сообраќајка

Пејачката Добрила Чaбриќ (93) од Дојран тешко е повредена во сообраќана незгода што се случила вчера вечерта. Добрила била тргната за Охрид, каде требаше да учествува на фестивалот „Охрид фест“, но со нејзиното возило излетала од патот и поради поврдите завршила во болницата „Св Еразмо“ во Охрид.

Сообраќајната незгода ни ја потврдија и од СВР Охрид и од МВР.

-Вчера вечерта во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, на влезот за селото Свиништа, патничко моторно возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.И.Ч.(93) од Стар Дојран, излетало од коловозот. Во незгодата Д.И.Ч. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. На местото на настанот, увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, велат МВР.

ММС стапи во контакт и со одговорните во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, попозната како костозглобна од каде ни потврдија дека Чубриќ е згрижена кај нив и засега е вон животна опасност.

– Има фрактура во предел на коленото и набиеница на главата, сега ќе и се прави и дополнително снимање. Свесна е и контактибилна. Имала операција неодамна, ставена и е протеза на колк. Сега и ставивме гипс, бидејќи од она што го видовме пациентот не е за операција на коленото и ако компјутерот на глава покаже дека е во ред, дека е стабилна ќе ја пуштиме да си замине дома со гипс, ни рече директорот на болницата д-р Ацо Велевски за ММС.

Од очевидци на лице место дознавме дека Чубриќ како причина за сообраќајката го навела нејзиното мало невнимание, односно патувала сама со кучето и во еден момент прозборела нешто на миленичето и изгубила контрола.

ММС се обиде да стапи во контакт со Чубриќ, но таа прво не одговрараше на повиците, а подоцна го исклучи мобилниот.

сторијата е сопственост на mmc.mk

Total
1
Shares
Поврзани објави