Талибанците бараат помош по разорниот земјотрес во Авганистан во кој загинаа над 1000 луѓе

Спасувачите со голи раце пребаруваат по селата во источен Авганистан уништени во вчерашниот земјотрес со магнитуда од 6,1 степен, во кој загинаа над 1.000 луѓе, а повеќе од 1.500 се повредени. Талибанските власти побараа помош од меѓународната заедница, додека спасувачките напори се попречени од силниот дожд и недостигот на ресурси.

Очевидците велат дека селата и патиштата околу епицентарот на земјотресот се целосно уништени. Тој бил 44 километри од градот Кост, а тресењето се почувствувало и во Индија и Пакистан, како и 500 километри низ Авганистан. Ова е најсмртоносниот земјотрес во земјата во изминатите две децении и непознато е колку луѓе уште има под урнатините, па властите велат дека бројот на жртвите ќе биде и поголем.

„Ние сме целосно мобилизирани околу оваа катастрофа. Испраќаме медицински екипи и залихи, храна и засолништа“, изјави шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Земјотресот го погоди Авганистан додека се наоѓа среде хуманитарна и економска криза и од владата признаа дека не се во можност да им помогнат на луѓето. Се проценува дека се уништени повеќе од 3.000 куќи. Во текот на ноќта биле спасени над 600 луѓе од различни области погодени од земјотресот, кој удрил во 1:30 часот по локално време, кога многумина спиеле.

Авганистан е подложен на земјотреси и во изминатите десет години загинале повеќе од 7.000 луѓе.

Total
1
Shares
Поврзани објави