Талибанците ќе воведат нов модел на владеење во Авганистан

Талибанското движење наскоро најавува дека ќе го претстави новиот политички систем со кој што ќе управува со Авганистан во блиска иднина, изјави портпаролот д на движењето Забихула Муџахи за Ројтерс.

„Експертите по право, религија и надворешна политика имаат намера да го претстават новиот систем на владеење на (земјата) во наредните недели“, рече претставникот на талибанците и додаде дека новата форма на владеење ќе биде насочена кон заштита на интересите на целото население.

Само пет дена по падот на Кабул и прозападната авганистанска влада талибанците и официјално го прогласија формирањето на Исламски Емират Авганистан и го сменија државното знаме, со што го реинсталираа системот на владеење во времето на првата талибанска власт од 1996 до 2001 година.

Авганистан ќе има врховен лидер и талибански совет, а се враќа и шеријатското право. Оваа одлука е денесена од раководството на талибанското движење, иако сите релевантни меѓународни организации побараа од нив да дозволат земјата да ја предводи инклузивна влада, во која ќе бидат застапени сите племиња, партии и социјални групи, а Советот за безбедност на Обединетите нации дури јасно нотираше и побара жените да бидат застапени во институциите, девојчињата да имаат право на образование, а медиумите на слободно информирање.

Согласно договорите меѓу Кабул и Вашингтон за повлекување на западните сили, Авганистан не смее повторно да стане рај за меѓународен тероризам.

Портпаролот на талибанците ја негираше нивната вмешаност во немирите на аеродромот во Кабул, кои наводно биле предизвикани од недостигот на јасен план за евакуација.

Р.Д.

Total
1
Shares
Поврзани објави