Таткото и братот на еден од исчезнатите во морето на Халкидики ,се на брод за спасување

Потрагата по исчезнатите момчиња на Халкидики продолжува, а во акцијата учествуваат бродови на крајбрежната служба, како и останати приватни чамци, но и еден хеликоптер.

Вчерашната акција не даде резултат, односно немаше трага од двете исчезнати момчиња, додека едно момче од Македонија беше спасено и испратено во болница.

Грчкиот медиум „Ворија“ објави дека на еден од бродовите со кои се врши потрагата по исчезнатите се наоѓаат татко и брат на едно од момчињата.

Total
18
Shares
Поврзани објави