Телата на загинатите во автобуската несреќа во петок ќе бидат пренесени во Скопје

Телата на 45 загинати во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, која се случи на 23 ноември, во петок ќе бидат префрлени во Скопје.

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, имал разговор со заменик-главниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов, кој му кажал дека телата ќе бидат достапни за пренесување во четврток. Летот со кој ќе се изврши транспортот ќе биде во петок.

Преносот ќе се изврши со авион на Република Бугарија, по барање на нашата влада кое било прифатено од бугарската страна.

„Од Меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Останувам во блиска комуникација со семејствата за останатите детали, а јавноста ќе биде навремено информирана“,

вели Османи.

Во автобусот првично беа пронајдени тела на 44 лица, а по дополнителен увид бугарските органи ја пронајдоа и 45. жртва.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Малолетници натепале цимер

На 14.11.2019 во Полициската станица Кавадарци полициски службеници ги привеле А.М.(18) од с.Негорци и двајца малолетници, во присуство…