Трагедија во Чешка – падна кабина на жичарница: Загина едно лице

Едно лице загина денеска при пад на кабината на жичарницата на северот на Чешка, соопштија властите.

Една од двете кабини на жичарницата попладнево паднала, ,а внатре имало само едно лице кое е дел од персоналот и кое за жал не ја преживеало несреќата. Причината за несреќата во кабината не е позната. Во другата кабина имало 15 лица и нема повредени.

Денешниот инцидент е прва несреќа на најстарата чешка жичарница, отворена во 1933 година.

Жичарницата води речиси до врвот на планината Јештед, во близина на градот Либерец. Несреќата се случила ден пред планираното двонеделно одржување на жичарницата.

Total
2
Shares

USJE
Поврзани објави