На митинг во американската сојузна држава Ајова, Доналд Трамп ја објави својата кандидатура за претседател на САД.
Тој пред присутните на митингот во Сју Сити синоќа рече дека „многу, многу, многу е веројатно“ дека ќе се кандидира повторно во 2024 година.
„За нашата земја да биде успешна, безбедна и славна. Многу, многу, многу веројатно ќе го направам тоа повторно“, рече Трамп пред поддржувачите.
Трамп говореше на првиот од четирите митинзи во петдневната кампањата за републиканските кандидати пред среднорочните избори за Конгресот и гувернерите на државите