Тринаесет лица меѓу кои и три деца, загинаа кога руски воен авион се урна во населба Јеjск во близина на Украина

Најмалку 13 лица, меѓу кои и три деца, загинаа кога руски воен авион се урна во населбата Јејск, на брегот на Азовското Море во близина на Украина.

Спасувачите рано утринава го соопштија билансот на несреќата и соопштија дека потрагата по преживеани е прекината.

„Вкупниот број на жртви е 13, меѓу кои три деца, а 19 лица се повредени“, соопшти Министерството за вонредни ситуации, пренесоа руските агенции.

Авионот Су-34 паднал во дворот на станбена зграда во населбата, а на местото на падот се запалило горивото во леталото, што предизвикало огромен пожар во деветкатницата.

Авионот се урнал при полетување на тренинг лет од воениот аеродром на Јужниот воен округ, соопшти Министерството за одбрана.

Total
2
Shares
Поврзани објави