Уапсена поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора

Црногорската полиција ја уапси поранешната претседателка на Врховниот суд, Весна Меденица, под сомнение дека учествувала во криминал, објавија локалните медиуми.

Меденица е уапсена на аеродромот во Подгорица додека се обидувала да ја напушти Црна Гора. Таа се товари за кривично дело создавање злосторничка организација и противзаконско влијание, објавија медиумите.

Меденица беше блиска со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, а за време на неговото владеење таа помина 13 години на чело на највисоката судска институција во земјата. Таа претходно четири години раководеше со Врховното државно обвинителство. Таа поднесе оставка на крајот на 2020 година, кога Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ беше отстранета од власт на парламентарните избори по 30 години.

Total
19
Shares
Поврзани објави