Убиени маж и дете – ужас во Хрватска

Утринава околу 8 часот во Плоче, Хрватска биле убиени две лица, од кои едното малолетно, а убиецот набрзо бил уапсен во Опузен, пренесоа хрватските медиуми.

Мотивите за двојното убиство не се познати, но се претпоставува дека 15-годишникот не бил цел на нападот. Убиствата се случиле на две различни локации. Во тек е истрага.

Убиецот наводно дошол на местото на злосторството со Југо 45, а на неговото апсење на бензинската пумпа во Опузен му претходело пукање, јавуваат локалните медиуми. Портпаролката на полицијата потврди дека напаѓачот е уапсен.

„Полицијата на подрачјето на Опузен пронајде лице кое се доведува во врска со овие настани. Се работи за маж кој е уапсен, а се наоѓа вополициски простории“, вели таа.

Полицијата соопшти дека се најдени две мртви тела и дека едно лице е уапсено.

„По примени повеќе дојави од граѓани, полицијата утрово околу 8 часот на две различни локации цо градот Плоче, пронајде две мртви тела на машки лица за кои се знае дека починале од насилна смрт“, соопшти полицијата.

Локални медиуми јавуваат дека мажот пукал со калашников, на одлагалиште за отпад, пред станица за технички преглед.

Total
1
Shares
Поврзани објави