Угостителите гневни, инспекторите збунети,кој ќе проверува сертификати за вакцина

Збунети и затечени, угостителите но и инспекторите не знаат на кој начин ќе ги контролираат луѓето кога во рестораните и кафулињата ќе се затечат 30 присутни лица: една од најновите рестриктивни мерки на Владата донесени вчера. Она што се знае е дека во моментот, оној кој нема да да приложи вакцинален сертификат, ќе треба го напушти ресторанот.

-Се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан, се вели во одлуката на Владата.

Угостителите се револтирани оти со ваквиот чекор повторно се удира по нив и нивниот единствен извор на егзистенција. Но, истовремено е нејасно и од каде бројката 30 присутни лица во угостителскиот објект е клучната бројка? Дали Владата има направено некаква анализа за да дојде точно до овој број како услов каде би требало да упаднат инспекторите за да бараат вакцинални сертификати и да прават контроли?

Ова се само дел од дилемите на угостителите, но и од пазарниот инспекторат не знаат како, со толку малку инспектори, ќе излегуваат на терен по угостителските објекти. Директорката на Државниот пазарен инспекторат, за дел од медиумите изјавила дека оваа институција располага само со 180 инспектори, а „се чекаат инструкции за тоа како ќе ги контролираат редарите“. И на крајот, всушност никој не знае дали т.н. редари за кои зборува Владата треба да ги платат и обезбедат угостителските објекти или Државниот пазарен инспекторат?

И оваа мерка како и неколку претходни не наидоа на широка поддршка во јавноста. Дотолку повеќе што според реакциите на социјалните мрежи, кај луѓето дополнително ќе се создаде одбивност кон вакцинирањето за што и онака не постои висок интерес во Македонија.

скопско ехо

Total
20
Shares
Поврзани објави