Ужас во Сплит: Син ја закла мајка си, на полицајците им рекол дека убил демон

Страшно злосторство се случило во Сплит. Како што пишува Индекс.хр, син со нож ја убил неговата мајка, а нејзиното тело полицијата го пронашла во нивниот стан.

Полициските службеници од Сплит започнаа кривична истрага против Иво П. (28) поради сомнение дека сторил кривично дело „тешко убиство“, соопшти Сплитско-далматинската полиција.

„Убив демон“

Жената имала мноштво рани нанесени од голем кујнски нож, а полицајците ја нашле во нејзината соба.

Полицијата дошла на вратата од станот на семејството по пријавата на загрижените соседи дека неколку дена не можат да стапат во контакт со неа. Нив ги пречекал нејзиниот син.

Тој им рекол на полицајците: „Убив демон“. Веднаш бил уапсен, не пружајќи никаков отпор. Синот бил однесен во психијатриско одделение за да се види дали е способен за кривична истрага. Лекарите процениле дека е, па веднаш бил пренесен во полиција.

Убиената жена последен пат била видена претходната вечер

Убиената жена последен пат била видена жива претходната вечер. Таа и нејзиниот син биле во посета на нејзината сестра. Убиството се случило или во текот на ноќта или утрово.

Ова е трето тешко убиство на жена во Сплит во последните три месеци.

Total
0
Shares
Поврзани објави