Условна казна за Миле Јанакиески – призна вина за набавка на кинеските автобуси

Поранешниот министер Миле Јанакиески денеска е осуден на условна казна затвор од две години за случајот „Дизајн“, односно за набавката на 202 двокатни кинески автобуси, потврдуваат од Кривичниот суд за „Фокус“.

Јанакиески условната казна ја доби откако претходно призна вина, а истата казна им беше изречена уште две обвинети, кои биле членови на Комисијата за јавни набавки.

Во овој случај е обвинет и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, но нему ќе продолжи да му се суди, бидејќи тој не призна вина и истакна дека не го разбрал обвинението поднесено против него. Тој е обвинет како член на Комисијата за јавни набавки во Град Скопје.

Предметот го отвори поранешното СЈО, а истрагата ја водеше обвинителката Лиле Стефанова.

-По три неуспешни постапки за набавка на двокатни автобуси што биле спроведени во текот на 2008 и 2009 година, во месец февруари 2010 година била спроведена нова постапка за јавна набавка. При отварање и разгледување на понудите доставени по јавниот оглас за набавка на 200 автобуси од затворен тип и два автобуси од отворен тип, обвинетите С.Ф.П. (47) како претседател и И.Ј.(36) и Ј.Ј.А.(62) како членови на Комисијата за спроведување на јавна набавка на двокатни автобуси за ЈСП на Град Скопје, во договор со првообвинетиот М.Ј.(43), постапиле спротивно на Законот за јавни набавки и фаворизирале економски оператор кој до денот на отварањето на понудите немал доставено банкарска гаранција на понудата и сертификат за квалитет ИСО 9001:2000 како што било пропишано во тендерската документација.

Комисијата наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, ја продолжила постапката и извршила евалуација на двете доставени понуди. И покрај тоа што понудата на економскиот оператор од Р.Бугарија била за 4.772.920 евра пониска, Комисијата го избрала економскиот оператор од Кина и му предложила на првообвинетиот да склучи договор со него, појаснуваа од Обвинителството.

фокус.мк

Total
48
Shares
Поврзани објави