Училиштето “Лазо Трповски” пред затворање – над 10 наставници заразени со Ковид

Нов кластер на заразени од ковид 19 се појави во основното училиште „Лазо Трповски“ во скопската населба Карпош, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите инфорамции, досега има потврдени повеќе од десет наставници кои се носители на опасниот вирус, а уште неколку се уште чекааат резултати. Во моментот во училиштето се испратени инспектори од страна на Државниот санитарен и здрав ствен инспекторат, кои треба да проверат како дошло до таквата алармантна состојба.

Нашите извори уште тврдат дека засега се проверува  колку наставници се заразени, а се уште не се проверени контактите, како и учениците кои учат во ова училиште.

Со оглед на големиот број заразени наставници, можно е одреден период да се стави клуч на врата, поточно да се затвори се додека не помине периодот на изолација.

Досега во неколку училишта имаше заразени ученици, но толкав број на заразени наставници за да дојде до затворање на училиштето немало во периодот откако почна наставата со физичко присуство.

На социјалните мрежи постои и група, во која родители и граѓани бараат со оглед на големиот број на заразени во последниот период, децата да продолжат да учат онлјан, но владата одлучи и второто полугодие да биде со физичко присуство.

извор: Фокус.мк

Total
4
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина работник во фабрика

Четириесет и петгодишен кумановец Б.В. починал утрово во Фабриката за заварени цевки и профили во Куманово, откако бил…