Филмско бегство од затворот во Прилеп

Спектакуларно бегство од прилепскиот затвор вчера извршил 36 годишен затвореник од Гостивар осуден на 20 години строг затвор поради извршени тешки кражби.
Бегството не е забележано ниту од безбедносните камери ниту од затворската полиција. Според првичните информации кои денеска треба да бидат потврдени и од надлежните институции во текот на вчерашниот ден околу пладне затвореникот имал посета од неговата мајка и неговата сопруга.

Во текот на посетата без никој да го забележи избегал од затворот а во посебните простории за средби со најблиските останале само двете жени.Oткако завршило времето за посета затворските полицајци забележале дека осуденикот го нема.Аламирана е затворската управа и полицијата.Започната е потрага по затвореникот која на полноќ е прекината а денеска продолжува.Неговата сопруга и неговата мајка веднаш се приведени во полициската станица во Прилеп на информативен разговор.
Според неофицијалните информации вакво бегството не е можно без надворешна а можеби и внатрешна подршка.Тоа ќе треба да го потврди истрагата.

Најавени се и дисциплински мерки против дежурните затворски полицајци кои биле задолжени безбедно да ја реализираат посетата и да го вратат затвореникот во затворениот дел од затворот.

Total
16
Shares

USJE
Поврзани објави