Фото: Избрани македонските инфлуенсери на годината

Трет пат по ред, вчеравечер се одржа „U&Z Influencer Awards”, избор за инфлуенсери на годината во организација на „Колор медиа плус”.

Концептот годинава беше поделен во два сегменти, од кои едниот се однесуваше на избор на оние што сакаат да го зацврстат своето влијание на социјалните мрежи, да го зголемат бројот на следбеници, а вториот беше предвиден за инфлуенсерите што веќе се етаблирани на социјалните мрежи.

Меѓу победниците во десетината категории беа и: профилот со малиот кокер Лу, @lu.cocker (New star Art, Lifestyle), Сања Ристиќ (Insta Parents), Александра Трпеска (Fashion), Боро Секуловски (Art), Радмила Миленковска (New star, Insta Parents), Стефан Спирковски (Insta Man), Кристијан Станковски-Бомбакис (Entertainment)…

Од моден аспект пак, расположението помеѓу гостите беше меѓу елегантно и претпразнично. Поголемиот дел од присутните направиле моден избор кој вклучува елегантни комбинации во доминантно црна боја, акцентирани со по некој детаљ, додека дел се одлучиле за комбинации кои веќе ни ги најавуваат празниците со малку повеќе светки и повпечатливи дезени и текстури.

Повеќе фотографии на linkot

извор и фото: fashionel.mk

Total
1
Shares
Поврзани објави