Фото: “Стопли срце” – делеше пакетчиња на деца на семафори

И оваа година ги израдувавме дечињата од ранлива категорија. Игравме и пеевме Jingle bells, измамивме еден куп насмевки и им поделивме на сите деца новогодишни пакетчиња!

Нашата хуманитарна организација Стопли Срце / Ngrohë zemër/ Warm A Heart, како и секоја година возеше низ градов и на секоја раскрсница каде имаше деца, делевме пакетчиња и измамивме еден куп насмевки! ❤️

Нашата активистка Марија ги гушкаше, пееше со нив, им посака среќна Нова Година и им подели 60 пакетчиња! Ви благодариме на сите кои дониравте, вие сте нашиот Дедо Мраз и благодарение на вас израдувавме многу деца!

Среќни празници убави луѓе! ❤️

Total
5
Shares
Поврзани објави