Фризерката Благица повторно во суд за измама со станови – измамила и семејство со дете со инвалидитет

Благица Дончевска , која јавноста ја запозна како фризерката која измами 40 луѓе продавајки им непостоечки станови за што одлежа 8 и пол години затвор повторно активна.

Таа деновиве влегува во судница за две дела измама по истата шема.

Скопјанка измамила луѓе за пари, со тоа што им ветувала станови, но откако ги земала парите ја снемувало.

Според информациите, 39-годишната Благица од јануари до август годинава измамила две лица од Гостивар и едно од кумановско за вкупна сума од 9.700 евра.

Според пријавеното, таа им ветила дека за одредена сума може да им помогне да купат државни социјални станови, но откако ги земала парите набргу потоа ја прекинувала комуникацијата со нив.

На едното семејство им пристапила и се претставила како вработена во Министерство за транспорт и врски. Им ветила дека поради тоа што имаат дете со инвалидитет имаат право да купат поевтин стан. Им дала лажен договор.

Total
2
Shares
Поврзани објави