Хаос во Бугарија, болниците пред колапс, се стравува од недостаток на кислород

Состојбата со коронавирусот во Бугарија им задава вистинска главоболка на властите. Вчера, медиумите објавија дека само две области во целата држава не биле класифицирани како „темно-црвена зона“, со стапка на инфекција над 500 инфекции на 100.000 луѓе.

Монтана има највисока стапка од 1.425 случаи на 100.000 луѓе, а главниот град Софија е на второ место.

Воедно, денеска оваа држава го собори рекордот по бројот на починати од коронавирусот. Во последните 24 часа починале 310 лица, а 6.007 биле позитивни на речиси 50.000 тестирани, пренесува БГНЕС.

Професорката Мира Кожухарова, советник на министерот за здравство, предупреди дека постои опасност за здравствениот систем.

Во моментов има осум области во Бугарија каде стапката на инфекција е 1.000 на 100.000 луѓе. Од вкупно 28 окрузи, само две имаат стапка на инфекција помала од 500 на 100.000 луѓе.

Вчера во Бугарија се пријавени 1.460 нови случаи, а тестирани се 16.960 лица, што значи дека процентот на зараза бил 8,6 отсто, денес тој процент е веќе 12. Во болниците има над 8.000 лица, од кои 670 се на интензивна нега. Според порталот НОВА, во многу болници нема повеќе слободни кревети на интензивна нега.

Професорката Кожухарова рече дека четвртиот бран е полош од претходниот, а прогнозите се дека бранот ќе го достигне својот врв оваа недела.

Таа додаде дека е можно целосно заклучување, доколку болниците не можат да обезбедат медицинска нега на сите на кои им е потребна. Професорот рече и дека одлуката дали доказот за поседување антитела ќе биде доволен услов за добивање карта за КОВИД нема да се донесе пред среда.

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави