ЦУК: Пронајдени се изгубените моторџии на Плачковица

Тројца моторџии за време на вчерашната екскурзија на Плачковица заглавиле во кал и ноќта ја поминале на планината. Рано утрово планинарската служба Осогово со 4 лица и едно теренско возило успеале да ги најдат и да ги извлечат тројцата мотирџии кои се во добра здравствена состојба.

Вчера ЦУК Штип преку единствениот повикувачки број за итни случаи доби информација за изгубени лица на планина Плачковица. Се работело за три лица со мотори, кои заедно со поголема група се упатиле од хотел „Бел камен“ (Радовиш) кон село  Зрновци.

Последениот контакт со нив бил вчера околу 19 часот кога кажале дека се заглавени во некоја кал на неодредена локација. Во потрага биле вклучени 15-16 лица со мотори кои биле во нивната група, едно полициско возило од полициската станица ПС Штип на правецот Туртел – одмаралиште УГД, едно полициско возило од село Зрновци кон Плачковица, околу 20-25 луѓе од поблиската фамилија на исчезнатите лица. Истоврено, била контактирана и доброволната планинска спасувачка служба Осогово од Кочани. Биле известени и дежурните од ДЗС Скопје за превземање мерки во нивна надлежност.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Директорот на скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ Ангеле Сотировски денеска поднесе неотповиклива оставка

Сотировски е кадар на Социјалистичката партија, која е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Директорот на скопското јавно претпријатие „Паркови…