Четири потврдени случаи со Делта сој, за други четворица се чека резултат

Досега се потврдени четири случаи на делат сојот во Македонија, а се чекаат резултати на уште четири граѓани за кои нема информации дали патувале надвор од земјава, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

-Треба да заземеме поорганизиран пристап во однос на делта сојот и ќе разговарам со колегите министри од регионот за да замеме заеднички став. Од заразените со Делта сојот тројца се со полесна клиничка слика, а пациентот од Велес е болнички пациент. За четирите нови случаи се чека потврда, но еден од нив е веќе на респиратор, појасни Филипче.

Total
1
Shares
Поврзани објави