Шест месечно бебе – бездомник во Битола

Бројот на бездомници во Битола се зголемува, велат од Црвениот крст Битола. Меѓу нив има и шестмесечно бебе, јавува локалната Тера телевизија.

-Изминатите години имаше од 5 до 10 бездомници, но годинава бројката е 16, за жал со тенденција за зголемување. Сите се згрижени, имаме 4 малолетни деца, од кои едно е шестмесечно бебе, изјави д-р Лилјана Ристевска, Претседател на Црвен Крст Битола.

Напорите на Црвен крст и Општина Битола се секој кој има потреба да биде згрижен.

-Никој особено во овие временски услови не смее да биде на улица, без топол оброк и згрижен како што налагаат едни човечки услови, вели таа.

На бездомните лица им обезбедуваат целосно сместување и исхрана, како и грижа од волонтерските медицински тимови кои се грижат за нивното здравје.

Total
1
Shares
Поврзани објави