Штедачите на Еуростандард банка ќе бидат целосно обесштетени

Граѓаните кои имаат заштеди во пропаднатата Еуростандард банка ќе бидат целосно обесштетени. Делумно обестсштеување им следува на оние кои имале повластени каматни стапки.

Ова го изјави адвокатот на оштетените штедачи на Еуростандард банка Љупчо Кузмановски во телевизиско гостување.

Тој информира дека е завршена постапката за определување на доверителите и редоследот на доверители и нивното обесштетување. Појаснува дека Фондот за осигурување на депозити останува доверител, но направена е промена на редоследот на доверители.

Во Еуростандард банка има 600 до 700 штедачи и сопственици на трансакциски сметки, а меѓу нив мал е бројот на оние со привилегирани каматни стапки.

-Планот за распределба на средствата е потврден од Апелацискиот суд  и деновиве се очекува да започне обесштетувањето на штедачите. Лично очекував поголема реакција од правните лица, но имаше само 3 или 4 жалби освен онаа на Фондот. Веројатно станува збор за помали депозити на правните лица, вели Кузмановск.

Еуростандард е уште во стечај и ќе оди на ликвидација.

Инаку, оштетените штедачи пред неколку месеци поднесоа претставка до Уставниот суд која беше приофатена. Тие реагира на повластениот третман на Фондот за осигурување на депозити кој имаше предност при наплата од стечајната маса.

извор: вечер.мк

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ромската заедница со претставка до Народен Правобранител: „Во Министерството за култура нема ниту еден вработен од ромска етничка припадност“

Во текот на вчерашниот ден, активистот за човекови права, Тефик Махмут, излезе со претставка за несоодветна и неправична…