ШТО Е ОРГАНСКА ХРАНА?

Порталот Dosie во соработка со првата online продавница за органски свеж зеленчук и овошје Beorg, ќе ви понуди нова соджина – едукативни текстови за органска храна. Ќе читате што е тоа органска храна, како се произведува, како се одржува , како се чува во домашни услови и секако многу рецепти за подготовка на храна за бебиња , деца во раст и развој , како и за возрасни.

Тоа се прехранбени производи кои се одгледани на незагадена почва и произведени со земјоделски, биолошки и механички методи кои не се штетни по здравјето на луѓето, животната средина и природната рамнотежа. Органското земјоделско производство прифаќа дека постои директна врска меѓу нашето здравје и начинот на кој се произведува храната што ја консумираме. Тоа ја почитува и применува моќта на природните процеси за да создаде здрави фарми.

При органскиот начин на производство и преработка на храна се дава предност на употребата на материи и производи кои се добиени на природен начин. Употребата на вештачки  ѓубрива, хемиски пестициди, хормони, конзерванси, адитиви, генетски модифицирани плодови и состојки или други синтетички материи е недозволена. Името органски производ, односно органска храна, е дадено поради органските материи и методи со кои земјоделците ги заменуваат овие вештачки материи. Во органското производство на храна не се дозволени никакви адитиви, пестициди и хемии кои не се од органско потекло односно кои немаат ретификат за органски производ.

BEORG e- fresh – кликни нарачај

Органската храна не го нарушува вашето здравје!

Органските производи имаат високи здравствено–безбедносни стандарди, пред сè затоа што почвата на која се произведуваат е незагадена и не се употребуваат штетни материи при производството.

Органските производи:

• Содржат повеќе природни хранливи материи, како што се природните шеќери, витамин Ц, каротиноиди, антиоксиданси, и поголеми количини минерални материи како: калциум, магнезиум и железо.

• Содржат помалку штетни нитрати, поради неупотребата на вештачки ѓубрива во производството.

• Ја минимизираат вашата изложеност на пестициди. Во конвенционалиното земјоделско производство се употребуваат повеќе од 400 различини пестициди, па нивните остатоци честопати се присутни и во храната и тие можат да предизвикаат нарушување на здравјето. Најдобар начин да се одбегнат овие хемиски пестициди е со користење на органски производи во чие производство нивната употреба не е дозволена.

• Имаат помалку адитиви. Одредени адитиви можат да бидат канцерогени, или да предизвикаат други видови на нарушувања – како на пример хиперактивност кај децата. Во производството на храна во Европската унија се користат 290 адитиви, додека во производство на органска храна е дозволено да се користат само 32 строго определени адитиви.

Поради оваа причина, може да се каже и дека органската храна има поприроден мирис, вкус и боја.

• Не се произведени со употреба на хормони, антибиотици и други синтетични лекови, кои може да предизвикаат рак или изложеност на бактерии – отпорни на антибиотици.

Total
1
Shares

USJE