Штрајкот во образованието продолжува

Штрајкот на СОНК продолжува и понатаму откако денеска членството на синдикатот ги одби од синоќа понудените 12 проценти зголемување на платите.

ГИ ЗНАЕТЕ ВЕЌЕ ДОГОВОРЕНИТЕ ТОЧКИ КОИ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ БЕА ПРЕДЛОЖЕНИ ДО НАШЕТО ЧЛЕНСТВО, НАШЕТО ЧЛЕНСТВО ВО ТЕКОТ НА ДЕНЕШНИОТ ДЕН СЕ ИЗЈАСНУВАШЕ ПО ОДНОС НА ПРЕДЛОЗИТЕ. ОД ВКУПНО 480 СИНДИКАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ДАДОА ПОДАТОЦИ ЗА НИВНОТО ИЗЈАСНУВАЊЕ, 388 БЕА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ШТРАЈКОТ, А САМО 83 БЕА ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА ШТРАЈКОТ, ИЗЈАВИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОНК ЈАКИМ НЕДЕЛКОВ.

Неделков додаде дека според резултатите, најглем дел од синдикатите кои се изјасниле против продолжувањето на штрајкот се од областа на детска заштита, додека речиси сите тие кои биле за продолжување на штрајкот се од образованието.

Total
1
Shares
Поврзани објави