Ѓоковиќ за победата на Надал

Во отсуство на Новак Ѓоковиќ кому не му беше дозволен влез во Австралија и покрај медицинската дозвола за настап на првиот АТП турнир во сезоната без примена вакцина против Ковид-19, Рафаел Надал стигна до историската – 21. гренд-слем во својата кариера.

По натпреварот шпанскиот тенисер кој успеа со пресврт да слави против Данил Медведев доби честитки од сите страни, а и од српскиот тениски ас.

„Честитки до Рафаел Надал за 21-от Грен слем трофеј. Неверојатно достигнување. Секогаш импресивен борбен дух кој одново му донесе успех. Данил Медведев даде сe од себе и играше со страст и одлучност што го очекувавме од него“, напиша Ѓоковиќ.

Total
17
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ПОБЕДА: МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА 1:0

Репрезентацијата на Македонија победи против европскиот првак Италија. По изиграното нерешено полувреме Македонија го обезбеди својот пласман во…